• e enjte, 26 mars 2026

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, во посета на Студентскиот дом „Пелагонија“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, во посета на Студентскиот дом „Пелагонија“

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, денеска беа во посета на студентскиот дом „Пелагонија“.

Како што соопштија од МЕП, за време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите во кои живеат студентите, при што се разговарало за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување.

Од страна на Владата била истакната посветеноста за унапредување на студентскиот стандард и создавање достоинствени услови за младите.

Во таа насока, планирана е инвестиција, во соработка со Министерството за образование и наука, за реконструкција на сите студентски домови во државата, вклучително и студентскиот дом „Пелагонија“. сст/са/

Фото: Министерство за европски прашања

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR