• e enjte, 26 mars 2026

Поради планирани активности на Електродистрибуција, утре Кочани 12 часа без вода за пиење

Поради планирани активности на Електродистрибуција, утре Кочани 12 часа без вода за пиење

Кочани, 25 март 2026 (МИА) - Поради планирани активности на Електродистрибуција АД Скопје - подружница Кочани, утре, 26 март 2026 година ќе има  прекин во испораката на електричната енергија во атарот на Пумпната станица во селото Грдовци, што ќе предизвика и прекин во водоснабдувањето на цела Општина Кочани.

Од КЈП „Водовод“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9:30 до 21:00 часот.

Надлежните апелираат до граѓаните на Општина Кочани навремено да се подготват и да обезбедат доволни количини вода за основни потреби во текот на денот.ис/са/

Фото: МИА

 

QËNDRONI TË LIDHUR