Преку „Бал на цветовите“ ќе цвета фолклорот на Струмичкиот карневал
- Фолклорот и карневалот се длабоко поврзани преку традицијата, маската, играта и радоста на заедничкото славење. Карневалот отсекогаш бил простор каде што народот слободно ја изразувал својата креативност, дух и идентитет, а фолклорот е живиот чувар на тие вредности. Преку народните ора, песни и носии, ние ја оживуваме историјата, обичаите и духот на нашиот народ, токму она што карневалот го слави-автентичноста и колективната радост, вели Ленче Карачанакова, раководителка на Здружението за песни и ора „Фолклорна низа“, кое по шести пат ќе учествува на Струмичкиот карневал и вечер, на Големото карневалско дефиле, ќе се претстави со маската „Бал на цветовите“
You need to login to view this page en