Љубичиќ: Некогаш беше потешко да се освојува Гренд слем титула
- Поранешниот хрватски тенисер, а сега тениски тренер Иван Љубичиќ се осврна на штотуку освоената Гренд слем титула на Карлос Алкараз во Мелбурн на Австралија опен
- Post By Спорт Инфо
- 18:01, 9 February, 2026
Загреб, 9.февруари 2026 (МИА) – Поранешниот хрватски тенисер, а сега тениски тренер Иван Љубичиќ се осврна на штотуку освоената Гренд слем титула на Карлос Алкараз во Мелбурн на Австралија опен. Тој истакна дела порано беше потешко да се достигне бројката на титули отколку денеска.
- Тоа што го направија Федерер, Надал, Ѓоковиќ со освојување на 20 и повеќе Гренд слем титули. Некогаш максимумот беше Пит Сампрас. Тој освои 14. За денешните тенисери целта е поинаква – 25.титули.
Љубичиќ во кариерата има освоено 10 титули, а најдобриот пласман на Гренд слем турнир му беше пласманот во 2006 година на Ролан Гарос. Тој еден период беше и тренер на Рожер Федерер. мн/
Фото: ЕПА