Христодулидис: Јавниот долг на Кипар најнизок во изминатите 17 години
- Како резултат на нашата одговорна фискална политика, јавниот долг на Кипар достигна најниско ниво од БДП од 2008 година. Станува збор за разврска што има уште поголемо значење во актуелната геополитичка ситуација. Кипар над сè, напиша на Икс кипарскиот претседател Никос Христодулидис, споделувајќи ги податоците за 2025 година за јавниот долг на земјата, што е најнизок во изминатите 17 години, јави дописничката на МИА пд Атина.
You need to login to view this page en