• Wednesday, 15 April 2026

Хезболах: Не не интересира исходот од преговорите помеѓу Либан и Израел

Хезболах: Не не интересира исходот од преговорите помеѓу Либан и Израел

Бејрут, 14 април 2026 (МИА) – Хезболах нема да почитува никаков договор што би произлегол од преговорите помеѓу Либан и Израел под покровителство на САД, изјави членот на политичкиот совет на групата, Вафик Сафа.

Според него, Хезболах „воопшто не е заинтересирана за исходот од преговорите помеѓу Либан и израелскиот непријател“ и дека „она што е договорено нема да ги обврзе“.

Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочи оти негова цел е разоружување на Хезболах, како и евентуален мировен договор помеѓу Либан и Израел.

Либанските претставници се надеваат дека ќе биде договорен прекин на огнот.

Војната на Израел со Хезболах трае од почетокот на март, кога милитантната група лансира ракети врз Израел, како поддршка на Иран. Во војната загинаа речиси 2.100 луѓе, меѓу кои повеќе од 500 жени, деца и медицински персонал.

Сафа потенцира дека нападите на Хезболах биле превентивни бидејќи раководството на групата верувало дека „Израел се подготвува за нов конфликт со Либан“ со цел уништување на проиранската група.

- Сега е моментот за Хезболах … да воспостави нова равенка и да ја врати својата моќ за одвраќање на Израел, посочи Сафа.

Тој наведе и дека немало претходен договор со Техеран, Хезболах да се вклучи во војната доколку Иран биде нападнат. ми/ссм/

фото: МИА архива