• Thursday, 26 March 2026

Државниот јавен обвинител Ненад Савески се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал

Државниот јавен обвинител Ненад Савески се сретна со  шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - На првата официјална средба по неговото именување, јавниот обвинител Ненад Савески и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, разговараа за континуираната поддршка на ОБСЕ за Јавното обвинителство како и потребата од соодветен буџет за ефикасна борба против корупцијата, соопштуваат од Јавното Обвинителство на Република Северна Македонија. 

- Притоа, двајцата разговараа и за сите можности и насоки во кои таа поддршка треба да продолжи во следниот период, пред се имајќи ги предвид и предизвиците со кои се соочува обвинителството во однос на ресурсите и правната рамка. Савески и Вал разговараа и за финансирањето и потребата од соодветен буџет за ефикасна борба против корупцијата, стои во соопштението од ЈОРСМ.

Како што дополнуваат, на средбата било договорено наскоро да биде назначен јавен обвинител задолжен да го следи постапувањето по предметите за кривични дела сторени од омраза на територијата на целата држава, по примерот на контакт-точката која веќе функционира во Основното јавно обвинителство Скопје.ар/са/

Фото:ЈОРСМ