• Wednesday, 18 March 2026

Фидан: Турција е подготвена да биде домаќин на следната рунда преговори помеѓу Русија и Украина

Фидан: Турција е подготвена да биде домаќин на следната рунда преговори помеѓу Русија и Украина

Анкара, 17 март 2026 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан во денешниот телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров повтори дека Турција е подготвена да биде домаќин на следната рунда преговори помеѓу Русија и Украина.

Како што се наведува во соопштението од турското Министерство за надворешни работи, Фидан ги потенцира ризиците од продолжување на војната, како по земјите од регионот, така и на меѓународен план.

Двајцата министри разговарале и за енергетската безбедност. ми/ссм/

фото: МИА архива