• Sunday, 15 March 2026

Фарс: Најмалку 15 мртви во ракетен напад врз фабрика во иранскиот град Исфахан 

Фарс: Најмалку 15 мртви во ракетен напад врз фабрика во иранскиот град Исфахан 

Техеран, 14 март 2026 (МИА) - Најмалку 15 лица беа убиени во денешниот ракетен напад врз фабрика за ладилници и греалки во централниот ирански град Ишафан, објави полуофицијалната агенција Фарс.

Во времето на нападот, во фабриката имало работници, наведе Фарс.

Агенцијата го обвини „американско-ционистичкиот непријател“ за ракетниот напад.

Израелската армија сè уште не го коментираше инцидентот.сд/

Фото:Икс