Утре променливо облачно време со дожд, стабилизација за викендот
- Во петок и за време на викендот се очекува претежно стабилизирање на временските услови, при што ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе придонесе за посвежо чувство.
Скопје, 15 април 2026 (МИА) - Следува период на променливо облачно и релативно топло време во земјава. Утрешниот ден ќе биде проследен со повремени врнежи од дожд, како и локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Од понеделник повторно се најавуваат локални врнежи од дожд, проследени со услови за изолирана појава на грмежи, што укажува на нов бран на променливо време. дма/вг/
Фото:МИА архива