• Tuesday, 17 March 2026

Трамп формира национална работна група за борба против измами, на нејзино чело потпретседателот Венс

Трамп формира национална работна група за борба против измами, на нејзино чело потпретседателот Венс

Вашингтон, 16 март 2026 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ќе потпише извршна наредба за создавање национална работна група за борба против измами, на чие чело ќе биде потпретседателот Џеј Ди Венс, соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит.

„Њујорк пост“, повикувајќи се на документ во кој е опишана наредбата, објави дека Калифорнија, Илиноис, Њујорк, Мејн и Колорадо се издвоени како држави со „недоволен“ надзор над измамите.

Трамп претходно го задолжи Венс да ја води истрагата на администрацијата за измами во сојузната држава Минесота, а новата наредба, според Ливит, ќе ја прошири истрагата на национално ниво.

Венс минатиот месец го критикуваше гувернерот на Минесота, Тим Волц, поради начинот на кој неговата администрација постапувала со измамите, додека истовремено беа замрзнати повеќе од четврт милијарда долари од фондовите на „Медикејд“ наменети за таа држава. ссм/

фото: архива