Тошковски: Жртвите на семејно насилство се охрабруваат да пријавуваат, треба да се донесе и правилник за обуки на полициските службеници
- За семејното насилство треба да се дискутира, но лошо е што на оваа важна тема ѝ давате политичка димназија и што ги посочувате случаите и зборувате за жртвите во изминатата една и пол година, истакна денеска од говорницата на македонското Собрание министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска одговараше на прашање поставено од пратеничката Сања Лукаревска за последните случаи на семејно насилство. Министерот за внатрешни работи Тошковски вели дека добро е што жртвите на семејно насилство се охрабруваат и ако пред една и пол година имало само по еден случај на територијата на СВР Скопје, сега се регистрираат дневно по два-три случаи на семејно насилство.
You need to login to view this page en