Средба на лидерот на ДУИ со лидерот на Европската демократска партија
- Тргнувајќи од јавниот повик на Демократската унија за интеграција за обединување на политичките партии кои ја делат истата визија за достоинствено претставување и политичката иднина на Албанците во Северна Македонија, денес се одржа официјална средба меѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на Европска демократска партија, Арјанит Хоџа, информира ДУИ во соопштение што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Тргнувајќи од јавниот повик на Демократската унија за интеграција за обединување на политичките партии кои ја делат истата визија за достоинствено претставување и политичката иднина на Албанците во Северна Македонија, денес се одржа официјална средба меѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на Европска демократска партија, Арјанит Хоџа, информира ДУИ во соопштение што МИА го пренесува интегрално.
Средбата се одржа во конструктивен дух и со взаемна волја за политичка соработка, со посебен акцент врз потребата за обединување на албанските политички фактори околу заедничка платформа која гарантира стабилност, силно институционално претставување и унапредување на евроинтеграциските процеси на државата.
Страните се договорија во иднина да функционираат како единствен политички субјект во рамките на Демократската унија за интеграција, како најконсолидирана и најорганизирана албанска партија во државата, обединувајќи ги организациските, програмските и човечките капацитети, во служба на општиот интерес на Албанците во Северна Македонија.
Официјализирањето на оваа одлука, како и организациските и процедуралните детали на интеграцијата, ќе бидат објавени по формалното одобрување од Генералниот совет на Демократската унија за интеграција.
Двете страни изразуваат уверување дека ова обединување ќе послужи како модел на политичка одговорност и единство, во функција на граѓанскиот интерес и европската перспектива на Северна Македонија.
Фото: МИА архива