• Wednesday, 25 March 2026

Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. ац/

Фото: МИА архива