Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
- До крајот на седмицата во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - До крајот на седмицата во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните ќе достигнат од 7 до 13 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -5 степени, а максималната ќе достигне до 7 степени Целзиусови. дма/са/
Фото: МИА архива