• Saturday, 14 March 2026

Скопје домаќин на првата регионална тату конвенција „Artist Republic 2026“

Скопје домаќин на првата регионална тату конвенција „Artist Republic 2026“

Скопје, 14 март 2026 (МИА) – Во организација на „Skopje Tattoo Show“ и „Great Heart Art“, викендов во хотелот „Александар Палас“ за првпат ќе се одржи дводневна регионална тату конвенција „Artist Republic 2026“, која ќе обедини околу 150 тату артисти од регионот и светот.

Како што стои во соопштението на организаторите, целта на настанот е да го промовира тетовирањето како автентична форма на современа уметност и начин на индивидуално изразување.

– На конвенцијата ќе учествуваат околу 150 тату артисти, кои ќе претстават различни стилови и техники на тетовирање - од класични до најнови трендови во индустријата. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со уметниците, да ја следат нивната работа во живо, да учествуваат на работилници и да се запознаат со најновите насоки во светот на тату уметноста, стои во соопштението.

Дводневната програма е конципирана да има и натпреварувачки карактер, при што ќе бидат доделени награди во повеќе категории. Настанот, додаваат, ќе биде надополнет со музички содржини и придружни активности. ра/нд

Фото: „Skopje Tattoo Show“ / „Great Heart Art“

 

You May Also Like