СДСМ со сочувство за трагичниот настан во Скопје
- СДСМ изразува длабока тага и сочувство за трагичниот настан во Скопје, во кој животот го загубија мајка и ќерка, уште една болна последица на семејно и родово базирано насилство што ја потресе целата јавност. Овој трагичен случај повторно ја отвора суштинската дилема: дали институциите реагираат навреме, координирано и соодветно кога постои очигледна опасност по животот и безбедноста на жртвите? СДСМ потсетува дека семејното насилство е кривично дело и итен случај, се наведува во денешното соопштение од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
You need to login to view this page en