Претрес во Скопје, пронајдена дрога и насади со канабис, лишено од слобода едно лице
- Полициски службеници од СВР Скопје вчера на подрачје на општина Аеродром го лишиле од слобода В.В. (50) од Скопје.
Скопје, 21 април 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера на подрачје на општина Аеродром го лишиле од слобода В.В. (50) од Скопје.
-При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата - информираат од МВР.
По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. дма/са/
Фото:МВР