• Monday, 02 February 2026

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Скопје, 1 февруари 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во текот на денот врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во понеделник наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во четврток и петок. Дневната температура од вторник ќе биде во пораст. вг/

Фото: МИА Архива