• Wednesday, 15 April 2026

Поранешниот премиер на Гренланд, Егеде, именуван за министер за надворешни работи

Поранешниот премиер на Гренланд, Егеде, именуван за министер за надворешни работи

Нук, 14 април 2026 (МИА) - Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, го именува својот претходник Муте Егеде за министер за надворешни работи.

Нилсен наведе дека Егеде ќе биде задолжен да ги води односите со САД поради притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз островот.

Егеде исто така ќе биде задолжен и за минералните ресурси и за деловната политика. ми/ссм/

фото: ЕПА