• Sunday, 19 April 2026

Општина Тетово ја заврши реконструкцијата на четири улици во населбата  Дреновец

Општина Тетово ја заврши реконструкцијата на четири улици во населбата  Дреновец

Тетово, 16 април 2026 (МИА) - Општина Тетово денеска организираше промотивен настан по повод завршената реконструкција на улиците во населбата Дреновец. Градоначалникот Биљал Касами информираше дека се работело на четири улици кои во оваа населба кои се именувани со бројки - улиците „152“, „153“, „154“ и „155“.

-Асфалтирана е патната мрежа во населбата и тоа улиците „152“, „153“, „154“ и „155“ во должина од 996 метри и ширина од 5,5 метри, инвестиција во вкупна вредност од над 12 милиони денари или над 200 000 евра. Со оваа ние продолжуваме да работиме во правец на подобрување на патната инфраструктура за подобрување на животот на граѓаните, а и деновите што следат, ќе продолжиме посветено да работиме за подобрување друг вид инфраструктура во делот на училишта, градинките, водовод, канализација, се што е интерес на подобрување на условите на животот на нашите граѓани, истакна Касами.

Касами додаде дека со овие проекти како локална власт покажуваат дека и во овој четиригодишен мандат ќе се работи на подобри услови за живеење. ас/вј/

Фото: МИА 

You May Also Like