• Tuesday, 14 April 2026

Одбележување на Јом Хашоа - комеморативен ден за жртвите во холокаустот

Одбележување на Јом Хашоа - комеморативен ден за жртвите во холокаустот

Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Хашоа - комеморативен ден на холокаустот, во знак на сеќавање на востанието на Евреите во варшавското гето во 1943 година, кој е и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.

Комеморацијата ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало, во 14 часот. 

На настанот со рецирал ќе настапат ученици од ООУ „Петар Поп-Арсов“ од Скопје, ќе се одржи кадиш-молитва за жртвите на холокаустот и палење шест меморијални свеќи.

Ќе биде прикажан филмот „Спасување“ и ќе биде отворена изложба на детски цртежи „Холокаустот низ призмата на детските очи“, со прогласување на најдобрите цртежи и врачување награди.

Како што е најавено, на настанот по повод Јом Хашоа ќе се обратат претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви; вршителот на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс; и директорот за програми за меѓународна јавност на Меморијалниот музеј на холокаустот на САД, Андреа Бертранд. хс/вј/ 

Фото: МИА архива