• Sunday, 19 April 2026

Објавени добитниците на стипендии од трет циклус студии во земјата за 2025/2026

Објавени добитниците на стипендии од трет циклус студии во земјата за 2025/2026

Скопје, 15 април 2026 (МИА) - Министерството за образование и наука ги објави добитниците на стипендии од трет циклус студии во земјата за академската 2025/2026 година. 

На веб-страницата на МОН се објавени кандидатите што се прифатени и рангирани во согласност со условите наведени во конкурсот во областа на природно-математички науки и инженерство и технологија и кандидатите што се прифатени и рангирани во согласност со конкурсите за општествени и хуманистички науки.

Објавен е и список на прифатени кандидати, чија тема на истражување е во корелација и соодветствува со целите и дефинираните приоритети во стратегијата за паметна специјализација со фокус на дигитална и зелена транзиција. хс/ 

Фото: МИА архива 

You May Also Like