• Saturday, 06 December 2025

Облачно со врнежи од дожд, локално се очекува да наврнат и над 40 литри

Облачно со врнежи од дожд, локално се очекува да наврнат и над 40 литри

Скопје, 6 декември 2025 (МИА) - Облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови од државата, најавуваат синоптичарите за денеска. Локално се очекува да наврнат и над 40 литри на метар квадратен за 24 часа.

Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини и ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната од 8 до 12 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до 9 степени и дневна до 12 степени.  

До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла. бак/лв/

Фото: МИА архива