Нов бран ирански напади врз американско-израелски цели во регионот
- Командантот на Воздушно-вселенските сили на Иранската револуционерна гарда, Сардар Мусави најави „нова фаза на ефикасни и силни напади во регионот врз американско-ционистичкиот непријател“
- Post By Марина Илиевска
- 16:36, 17 March, 2026
Техеран, 17 март 2026 (МИА) – Командантот на Воздушно-вселенските сили на Иранската револуционерна гарда, Сардар Мусави најави „нова фаза на ефикасни и силни напади во регионот врз американско-ционистичкиот непријател“.
- ’Рбетот на ароганцијата ќе биде скршен на улиците и плоштадите, посочи Мусави.
Иранската револуционерна гарда претходно објави дека денеска спроведува интензивен бран напади врз американските и израелските позиции низ целиот регион, користејќи ракети и беспилотни летала.
Во меѓувреме, израелска армија соопшти дека пресретнала ракети лансирани од Иран. ми/ссм/
фото: ЕПА