Одбележување 20 години од проектот за превод на 100 словенски романи
- Како што е најавено, предвидено е да се обратат директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Јовица Никчевски, висок претставник од Министерството за култура и туризам и и помошник-министерот за култура на Србија, Станко Благоевиќ. Потоа ќе се одржи книжевна трибина, на која ќе учествуваат уредникот на едицијата, Младен Весковиќ, словенечката авторка Габриела Бабник, српскиот автор Владимир Пиштало и македонскиот автор Ермис Лафазановски. Трибината ќе биде интерактивна и присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања или да ги изложат своите ставови и гледишта за проектот.
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Во Мултимедијалната читалница на Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ - Скопје денеска ќе се одбележи 20-годишнината од почнувањето на проектот на Форумот на словенските култури за превод на 100 словенски романи.
Како што е најавено, предвидено е да се обратат директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Јовица Никчевски, висок претставник од Министерството за култура и туризам и и помошник-министерот за култура на Србија, Станко Благоевиќ. Потоа ќе се одржи книжевна трибина, на која ќе учествуваат уредникот на едицијата, Младен Весковиќ, словенечката авторка Габриела Бабник, српскиот автор Владимир Пиштало и македонскиот автор Ермис Лафазановски. Трибината ќе биде интерактивна и присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања или да ги изложат своите ставови и гледишта за проектот.
Настанот ќе бидат изложени досега преведените романи на македонски јазик во рамките на овој проект.
Одбележувањето се одржува со поддршка на Министерството за култура и туризам. мч/ев/
фото: МИА