Моди во посета на Израел
- Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, по пречекот на индискиот колега Нарендра Моди на аеродромот „Бен Гурион“, на Икс објави дека двете држави „ги врзува право пријателство“
Ерусалим, 25 февруари 2026 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, по пречекот на индискиот колега Нарендра Моди на аеродромот „Бен Гурион“, на Икс објави дека двете држави „ги врзува право пријателство“.
Додека Моди, исто така на Икс, се заблагодари за „топлиот дочек“, истакнувајќи оти е среќен што по девет години се вратил во Израел.
Тој посочи дека со Нетанјаху разговарал за широк спектар теми за зајакнување на билатералните односи, за технологијата, за управување со водите, за земјоделството и други сектори.
Нетанјаху и Моди разговараа и за случувањата во регионот. ми/сд/
фото: ЕПА