Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави
- Во делот на кривичните пријави, гледате дека има година, тоа беше 2025 којашто е за петпати побројна од просекот помеѓу 2017 и 2023. Тоа се навистина параметри коишто ја отсликуваат работата на Царината и бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата што претставува основа за успешна работа на Царината. И јас сум убеден дека во годините коишто следат Царинската управа така и ќе продолжи да работи, бескомпромисно кон криминалот и корупцијата, а посветено за граѓаните, одговори премиерот.
- Post By Блаже Дарудов
- 12:35, 14 April, 2026
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешниот настан во Филхармонијата по повод одбележувањето 34 години постоење на Царинската управа.
- Јас во своето обраќање ги истакнав поентите што мислам дека се значајни, исто така и директорот во своето обраќање имаше поенти коишто ја отсликуваат суштината на работењето на оваа Царинска управа под раководство на Бобан. За првпат е префрлен месец со наплата од 12 милијарди денари, што е, претставува за првпат, досега никогаш тоа не се случило, рекордна наплата на приходи од страна на Царината. Во делот на кривичните пријави, гледате дека има година, тоа беше 2025 којашто е за петпати побројна од просекот помеѓу 2017 и 2023. Тоа се навистина параметри коишто ја отсликуваат работата на Царината и бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата што претставува основа за успешна работа на Царината. И јас сум убеден дека во годините коишто следат Царинската управа така и ќе продолжи да работи, бескомпромисно кон криминалот и корупцијата, а посветено за граѓаните, одговори премиерот. бд/вј/
Фото и видео: Влада