Минатата година над 5.000 домаќинства инсталирале фотоволтаични системи, за 20 отсто зголемени инвестициите во соларни панели
- - Наша стратегиска предност секако е сонцето. Имаме над 280 сончеви денови годишно. Токму затоа соларната енергија денес е еден од најважните столбови на нашата национална енергетска транзиција. Минатата година ја одбележа вистински бум, со раст на инвестициите во соларни панели од речиси 20 отсто во споредба со 2024 година. Благодарение на субвенциите, соларната енергија денес е подостапна од кога било и за домаќинствата. Само лани над 5.000 домаќинства инсталираа фотоволтаични системи, најмногу во урбаните центри, како Скопје, Битола и Куманово. Овие инвестиции не само што овозможуваат намалување на сметките за струја од 30 до 50 отсто туку имаат и значаен ефект врз намалувањето на јаглеродниот отпечаток, што е клучно во борбата против климатските промени и загадувањето на воздухот, истакна министерката за енергетика, Сања Божиновска
You need to login to view this page en