• Thursday, 26 February 2026

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

26 февруари 2026

Скопје - Собранието ќе ја одржи 86-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје -  Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите. (Сала на Уставна комисија/10:30)

Будимпешта - Потпретседателот на Собранието на Северна Македонија Антонијо Милошоски ќе учествува на конференција на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, во организација на Националното собрание на Унгарија.

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. 

- пристигнување пред главниот влез на Министерството (16:15)

- тет-а-тет средба помеѓу двајцата министри  (16:20–16:35)

- билатерална средба помеѓу делегациите на двете министерства (16:45–17:25)

 - прес-конференција со можност за прашања (по две прашања за секој министер) (17:30–17:50)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас ќе се обратат на завршниот настан на проектот „ЕУ поддршка за развој на капацитети за сајбер-безбедност во С. Македонија“. (Министерство за дигитална трансформација/11:00, пристигнување на медиумите/10:45) 

Скопје/Струмица - Одбележување 22 години од загинувањето на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски:

- делегација на Собранието предводена од потпретседателката Весна Бендевска и Каролина Насковска ќе положи цвеќе на Алејата на великаните. (Градски гробишта „Бутел“/10:00) 

- Општина Струмица ќе ја одбележи 22-годишнината од загинувањето на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски. (Пред споменикот „Македонија“/10:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ќе го пречека претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај.

Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (ДИК/12:00, https://www.youtube.com/@secmk499/streams)

Скопје - Финален настан „Следната генерација против корупција: Младите како носители на промени“ во организација на Аналитика тинк-тенк со поддршка на Амбасадата на Канада за Србија, Северна Македонија и Црна Гора. (х.„Хилтон“/12:30)

Скопје - Свечениот час на Катедрата за македонски јазик за одбележување 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески. (Филолошки факултет „Блаже Конески“/12:00)

Скопје - Семинар „Сознанија од четвртиот работен пакет на HORIZON проектот SKILLS4JUSTICE - Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција. (Економски факултет – Скопје при УКИМ, амфитеатар 2/11:00)

Скопје - Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ ќе одржи јавна трибина на тема „Геополитичките промени и Македонија - враќање на историјата“. (КИЦ/11:00) 

Гевгелија - Директорот за недвижности во „Лидл Северна Македонија“, Гоце Гаврилов и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов ќе се обратат на поставување камен-темелник на продажен објект на Lidl во Гевгелија. (https://www.google.com/maps/dir/41.400015,22.2873467/DIESEL+KALE,+Boris+Kidrikj+1,+Gevgelija+1480/@41.2822807,22.2073042,73957m/data=!3m2!1e3!4b1!4m10!4m9!1m1!4e1!1m5!1m1!1s0x135623f7b547a4d5:0xbb351883baed6ea6!2m2!1d22.5094448!2d41.1488499!3e0?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI2MDIyMi4wIKXMDSoASAFQAw%3D%3D/12:00)

Скопје - Промоција на книгата „Оригиналниот ракопис од прогласот и останатите печатени прогласи на царот Леополд I, од 1690 година, со кој го зема македонскиот народ под своја заштита“ од авторите Џони Тодоровски и м-р Александар Донски. (Факултет за образовни науки, свечена сала/12:30)

Скопје - Биенална изложбата „Зимски салон 2026“ во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). (Национална галерија објект Мала станица/20:00)

Скопје - Отворање на групна семестрална изложба на студентски проекти „Домување, обликување, движење“. (ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, Галерија „КО-РА“- голем  салон/19:30)  

Скопје - Прес-конференција по повод претстојниот концерт на Јаков Јозиновиќ во Скопје. (Синеплекс Скопје Сити Мол, кат 2/12:00)

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Нови хоризонти“ на кој како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан. (Филхармонија/20:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***