• Monday, 02 February 2026

Манчестер Сити испушти водство од 2:0 на гости кај Тотенхем

Манчестер Сити испушти водство од 2:0 на гости кај Тотенхем

Лондон, 1.февруари 2026 (МИА) – Екипата на Манчестер Сити е сè подалеку од титулата откако одигра нерешено на гостувањето кај Тотенхем 2:2 во дуелот од 24.коло, иако водеше на полувреме со 2:0. Во моментов Манчестер Сити заостанува шест бодови зад Арсенал.

„Граѓаните“ одиграа добро прво полувреме и со головите на Рајан Черки во 11.минута и на Антонио Семењо во 44.минута поведоа со 2:0. Во вториот дел домашниот тим со двата гола на Доминик Соланке во 53.минута и во 70.минута стигнаа до изедначување.

Кикс денеска направи и третопласираната Астон Вила која загуби од Брентфорд на домашен терен со 1:0. Манчестер Јунајтед водеше против Фулам со 2:0, но гостите изедначија на 2:2, а во судиското надополнување на вториот дел (90+4) Бенјамин Шешко постигна гол за победа – 3:2. Од денешната програма Нотингем Форест и Кристал Палас одиграа нерешено 1:1.

Табела: Арсенал 53 бодови, Манчестер Сити 47, Астон Вила 46, Манчестер Јунајтед 41, Челзи 40, Ливерпул 39, … мн/

Фото: ЕПА