Магла на патните правци Тетово – Скопје и Тетово – Гостивар
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на патните правци Тетово – Скопје и Тетово – Гостивар, од 30 – 40м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 100м. на патниот правец Делчево – Пехчево, до 50м. на планинскиот превој Плетвар и од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато, информира ЈП Македонијапат.
- Post By Сашо Арсовски
- 21:11, 23 January, 2026
Скопје, 23 јанаури 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на патните правци Тетово – Скопје и Тетово – Гостивар, од 30 – 40м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 100м. на патниот правец Делчево – Пехчево, до 50м. на планинскиот превој Плетвар и од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато, информира ЈП Македонијапат.
Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Фото: МИА