Колективен притисок врз Израел: Канада, Франција, Германија, Италија и Британија бараат запирање на офанзивата во Либан
- „Масовна израелска копнена офанзива“ во Либан мора да се спречи, бидејќи би можела да предизвика исклучително сериозни хуманитарни последици, се наведува во заедничката изјава на Канада, Франција, Германија, Италија и Велика Британија.
- Post By Сања Костовска
- 21:43, 16 March, 2026
Париз, 16 март 2026 (МИА) - „Масовна израелска копнена офанзива“ во Либан мора да се спречи, бидејќи би можела да предизвика исклучително сериозни хуманитарни последици, се наведува во заедничката изјава на Канада, Франција, Германија, Италија и Велика Британија.
„Значителна израелска копнена офанзива би имала исклучително сериозни хуманитарни последици и би можела да доведе до долготраен конфликт“, се посочува во соопштението.
Петте земји нагласуваат дека ваквата офанзива мора да биде спречена, бидејќи хуманитарната ситуација во Либан, вклучувајќи го и континуираното масовно раселување на населението, веќе е исклучително алармантна.
Истовреме во изјавата се додава дека земјите ги поддржуваат напорите на либанската влада за разоружување на шиитското движење „Хезболах“, кое е поддржано од Иран. ссм/
фото: архива