• Saturday, 07 February 2026

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Скопје, 6 февруари 2026 (МИА) - Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна. Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија. Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа, напиша вечерва Драган Ковачки на Фејсбук.

Ковачки му се заблагодари на досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој, како што вели, несебично и целосно беше посветен на организацијата.

-Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија, посочи Ковачки во објавата на ФБ. дма/сст/

 

Линк од фб објава: 
https://www.facebook.com/share/p/1adx9HEtxh/