• Sunday, 15 March 2026

Кински сака да го напушти Тотенхем на лето

Кински сака да го напушти Тотенхем на лето

Лондон, 14 март 2026 (МИА) - Голманот на Тотенхем, Антонин Кински, ќе го напушти лондонскиот клуб на позајмица за време на следниот летен преоден рок. 

Според „Телеграф“, голманот сака да оди на позајмица во друг тим за да добие повеќе време за играње.

Дваесет и тригодишниот Чех е син на поранешниот голман на „Сатурн“, Антонин Кински. 

Антонин Кински помладиот го одигра својот прв натпревар во Лигата на шампионите оваа недела, кога беше заменет при негатива од 0:3 во 17. минута од натпреварот против Атлетико Мадрид (2:5). зс/

Фото: ЕПА