• Wednesday, 15 April 2026

ИРНА: Немаме информации за нови преговори со САД

ИРНА: Немаме информации за нови преговори со САД

Техеран, 14 април 2026 (МИА) – Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека „нема информации“ продолжување на преговорите со САД.

ИРНА, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, наведе дека се разменуваат пораки помеѓу Техеран и Исламабад за „актуелниот развој на случувањата“, по неуспешните преговори за време на викендот за завршување на војната на Блиски Исток.

Претходно, Пакистан соопшти дека подготвува нов круг преговори помеѓу Техеран и Вашингтон.

Неименувани дипломати истакнаа дека Кина, Египет, Саудиска Арабија и Турција исто така се во контакт со Техеран и со Вашингтон, откако четирите земји предложија нов круг преговори во Исламабад оваа седмица.

Тие додадоа дека Кина го советуваа Иран да се согласи на понатамошни преговори.

Високи американски и ирански претставници за време на викендот имаа највисоко ниво директни разговори во изминатите децении. На средбата не е дефинираат план за периодот по истекот на сегашниот двонеделен прекин на огнот.

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан во телефонскиот разговор со францускиот колега Емануел Макрон истакна дека Техеран е подготвен да ги продолжи мировните преговори.

Пезешкијан наведе дека Иран ја преферира дипломатијата за решавање на споровите. Според него, заканите, притисокот и воената акција се бескорисни и само „ќе ги влошат проблемите што САД сами ги создадоа“.

Тој додаде дека Европа треба да ги поттикнат САД да се придржуваат до меѓународното право и прописи. ми/сд/

фото: МИА архива