Информативна сесија „Фер ангажман“ во Охрид за Законот за работно ангажирање на лица
- Целта на сесијата е да обезбеди јасни и практични информации за примената на Законот за работно ангажирање на лица, како и за придобивките што ги нуди за работниците и работодавачите. Во рамки на настанот ќе бидат презентирани клучните аспекти на Законот, категориите лица кои можат да бидат работно ангажирани, нивните права и обврски, практични примери од релевантни сектори, демонстрација на електронскиот систем за пријава и одјава „е-Работа“, се појаснува во соопштението.
- Post By Блаже Дарудов
- 07:13, 17 April, 2026
Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Информативна сесија „Фер ангажман“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица, ќе се реализира денеска во салата на Советот на Општина Охрид.
Настанот се организира во рамки на кампањата „Фер ангажман“, како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, што го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување.
- Целта на сесијата е да обезбеди јасни и практични информации за примената на Законот за работно ангажирање на лица, како и за придобивките што ги нуди за работниците и работодавачите. Во рамки на настанот ќе бидат презентирани клучните аспекти на Законот, категориите лица кои можат да бидат работно ангажирани, нивните права и обврски, практични примери од релевантни сектори, демонстрација на електронскиот систем за пријава и одјава „е-Работа“, се појаснува во соопштението.
Предвидено е настанот да почне во 10 часот. бд/са/
Фото: МИА архива