• Friday, 05 December 2025

Измамена 70-годишна битолчанка за сума од 20.000 евра

Измамена 70-годишна битолчанка за сума од 20.000 евра

Битола, 4 декември 2025 (МИА) - Секторот за внатрешни Битола информира за измама со лажен несреќен случај во кој е измамена повозрасна битолчанка за сума од 20.000 евра.

Од секторот за односи со јавност при СВР Битола соопштија дека вчера претпладне, во 10:19 часот во СВР  Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да и се стават златни шипки. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, нагласија од СВР Битола.мт/

Фото: МИА