• Wednesday, 25 February 2026

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Дебар, 24 февруари 2026 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во подрачјето на Елбасан, Албанија, кој е почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид. 
 
Според извештаите, потресот е регистриран во 20:06 часот на длабочина од 13 километри. 
 
Епицентарот е на  7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан. 
 
Засега нема информации за причинета  материјална штета. вт/сст/

Фото МИА архива