До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
- Времето утре и во сабота ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h), информира УХМР.
- Post By Сашо Арсовски
- 11:53, 2 April, 2026
Скопје, 2 април 2026 (МИА) - Времето утре и во сабота ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h), информира УХМР.
Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло, со температури до 25 степени.са/
Фото: МИА