• Thursday, 26 March 2026

Гутереш и официјално го именува Арно за специјален пратеник за војната во Иран

Гутереш и официјално го именува Арно за специјален пратеник за војната во Иран

Њујорк, 25 март 2026 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, именуваше специјален пратеник кој ќе работи на ставање крај на војната во Иран.

Францускиот дипломат Жан Арно ќе ги предводи напорите на Обединетите нации во решавањето на конфликтот и неговите последици, изјави Гутереш денеска во Њујорк. Арно претходно служеше како пратеник на ОН во Авганистан, Колумбија и Боливија.

Гутереш предупреди дека војната излегува од контрола, повикувајќи ги Соединетите Американски Држави и Израел да ги прекинат борбите, додека истовремено го повика Иран да престане со нападите врз соседните држави.

Соединетите Американски Држави и Израел почнаа офанзива од големи размери против Иран на крајот на февруари, по што конфликтот се прошири на поширокиот регион на Блискиот Исток. Техеран возврати со напади врз Израел, како и врз енергетски и воени објекти во заливските држави сојузнички на Вашингтон. јт/

Фото: ЕПА архива