Геле реизбран за претседател на Џибути
- Претседателот на Џибути, Исмаил Омар Геле официјално e реизбран за шести мандат како шеф на државата со 97,01 проценти од гласовите
- Post By Марина Илиевска
- 18:27, 21 April, 2026
Џибути, 21 април 2026 (МИА) – Претседателот на Џибути, И официјално e реизбран за шести мандат како шеф на државата со 97,01 проценти од гласовите.
Претседателските избори во Џибути се одржаа на 10 април, а Геле имаше само еден противкандидат, Мохамед Фарах Саматар, кој доби само 2,99 отсто од гласовите.
Геле од 1999 година раководи со една од најретко населените земји во светот, чие население е нешто повеќе од еден милион.
Џибути успешно ја искористи својата географската локација на Африкански Рог, регион познат по немири. Во земјата воени бази имаат Франција, САД, Кина, Јапонија и Италија.
Џибути е поранешна француска колонија, каде што исламот е државна религија. Земјата граничи со теснецот Баб ел Мандеб, кој овозможува пристап до Црвено Море од Аденски Залив и низ кој поминува голем дел од трговијата меѓу Азија и Западот. ми/
фото: ЕПА