Во Битола конституиран Локален економско-социјален совет
- Во Битола, на конститутивна седница формиран е новиот состав на Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) со кој ќе претседава стопанственикот Никола Трпеновски, а за негов заменик избран е Борче Димитровски, секретар на Општина Битола.
Битола, 16 април 2026 (МИА) - Во Битола, на конститутивна седница формиран е новиот состав на Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) со кој ќе претседава стопанственикот Никола Трпеновски, а за негов заменик избран е Борче Димитровски, секретар на Општина Битола.
Од локалната самоуправа информираа дека во наредниот период ЛЕСС ќе ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во општината.
Новиот состав на ЛЕСС ќе дава свои мислења и предлози за специфичните прашања како што се економскиот и социјалниот развој на општината, вработување со акцент на младите, животниот стандард, развивање и унапредување на колективното договарање, подобрување на работните услови за заштита при работа, образованието и професионалната обука, демографските движења и други прашања во согласност со актите на ЛЕСС, посочија од Општина Битола.мт/вј/
Фото: Општина Битола