ВМРО-ДПМНЕ: СДС очекувано ја брани Ристоска, таа беше нивен играч и пиун
- И порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, што МИА ја пренесува интегрално.
You need to login to view this page en