ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се реформираат, СДС и Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави
- СДС со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
17 април 2026
СДС со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Единствено што има е гола пропаганда преку фалименто соопштенија што немаат врска ниту со реалноста, ниту со Македонија.
Пропаднатиот ПР на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, СДС и Филипче ги насочи фокус да им бидат избори во други држави, наместо во партија да прават реформи и промени.
Филипче и СДС не си го гледаат сопствениот двор полн со неуспеси и порази, како и партијата која се повеќе слабее, туку целиот фокус им и насочен на избори во друга држава, на која нивната сестринска партија освои само минорни 1% процент од гласовите.
По насоките на ПР стратезите, за краток временски период, Филипче и СДС успеаја да се скараат со нивни сопартијци, со медиуми, новинари, а сега пробуваат да се скараат и со држави или нивни претставници во државата.
Ваквата дезориентираност, нелегитимност, слабиот рејтинг и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДС и Филипче да водат антидржавна политика која, освен на државата не им оди во прилог ниту на нив.
Овие антидржавни политики кои Заев, очигледно, им ги оставил во аманет, Филипче и СДС дословно ги исполнуваат. Сето тоа е преточено во соопштенијата и прес-конференциите напишани токму од Башановиќ и Шчекиќ, ги прави да бидат опозиција која на следните избори ќе падне и под биолошкиот праг, со освојување на помалку од 100.000 гласови.
Време е СДС и Филипче да се освестат и својата енергија да се насочат на реалните потреби како на нивното членство, така и на граѓаните воопшто.
На Македонија и е потребна силна, кредибилна и конструктивна опозиција.