• Sunday, 15 March 2026

Без победник заврши дербито Охрид – Алкалоид

Без победник заврши дербито Охрид – Алкалоид

Охрид, 14 март 2026 (МИА) – Нерешено 27:27 заврши дербито на второто коло во плејофот на македонскиот ракометен шампионат.

Двете екипи се менуваа во водство, највисокото го имаше гостинот од Скопје – три разлика.

По овој исход Охрид останува трет со 40 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер на третото место. Тимот од Автокоманда има 36 бода и е четврти на табелата. Лидер е Вардар со 44 бода.

Утре Вардар му гостува на Еурофарм Пелистер во меч којшто може многу да реши за титулата (почеток 19 часот).

Последната двојка за ова коло е Бутел – Тиквеш (утре од 18 часот). зс/

Фото: РК Алкалоид