Без вода дел од Центар и висока зона Пржино
- Поради уличен дефект на ул.Ристо Шишков во Центар, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на потегот од Фонтана Парк до зградата на Владата и од булевар Илинден до Градски стадион, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје.
- Post By Сашо Арсовски
- 07:20, 23 March, 2026
Скопје, 23 март 2026 (МИА) - Поради уличен дефект на ул.Ристо Шишков во Центар, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на потегот од Фонтана Парк до зградата на Владата и од булевар Илинден до Градски стадион, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје.
Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од ул.Славејко Арсов и висока зона Пржино.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.са/
Фото: МИА