• Tuesday, 24 March 2026

Ќура: Лицата со Даунов синдром се неразделен дел од нашето општество и заслужуваат почит, вклученост и целосна институционална поддршка

Ќура: Лицата со Даунов синдром се неразделен дел од нашето општество и заслужуваат почит, вклученост и целосна институционална поддршка

Струга, 23 март 2026 (МИА) - Лицата со Даунов синдром имаат право на почит, вклученост, образование, здравје и еднакви можности да го изградат својот живот онака како што посакуваат, порача денеска градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура.

Тој на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром - 21 Март, на Плоштадот во Струга, ја истакна континуираната посветеност на Општина Струга кон лицата со Даунов синдром и сите лица со посебни потреби.

- Како градоначалник на Општина Струга, секогаш ќе бидам покрај лицата со Даунов синдром и секој граѓанин на кој му е потребна посебна поддршка. Овие лица се неразделен дел од нашето општество и заслужуваат почит, вклученост и целосна институционална поддршка, рече Ќура.

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, според него, не потсетува дека различностите не се пречка, туку вредности што нè прават почовечни.

- Овој ден нè повикува да размислиме и да делуваме: да ги гледаме способностите, а не ограничувањата. Да ги поддржуваме секој ден. Да изградиме пофер и поинклузивно општество, нагласи градоначалникот.

Општина Струга, додаде тој, останува посветена на градење инклузивно општество, во кое секој граѓанин го има своето место и достоинство што го заслужува.

На територијата на општина Струга функционира еден Дневен центар, кој се грижи за лица со попреченост. сс/вј/

Фото: Општина Струга