Андоновски: Наша цел е следниот попис на населението да биде електронски
- Нашата политичка обврска, нагласи Андовноски е да ги направиме сите подготовки за дигитален попис. - Јасно е, тоа беше наведено и во програмата на Владата и програмата на партијата, дека во 2026 година треба да се работи на тоа, но ги знаеме правилата на Евростат дека тоа се случува на 10 години, што значи дека ние во овој период мораме да работиме на сите регистри, на интероперабилноста на податоците, за да бидеме подготвени да го направиме тоа. Имаме време од денес до рокот кога што треба да се спроведе тој попис, да ги тестираме фазите, секако под водство на Државниот завод за статистика, и сме сигурни дека во моментот кога ќе дојде пописот, ќе им веруваме и на резултатите и на методологијата врз основа на која што тој ќе биде направен – изјави Андоновски.
You need to login to view this page en