„Аксиос“: Специјалниот пратеник на Трамп и иранскиот министер за надворешни работи во тајна комуникација
- „Аксиос“ цитира извор според кој Арагчи му испратил текстуални пораки на Виткоф. Сепак, американски официјален претставник тврди дека Вашингтон „не разговара“ со Техеран. Од друга страна, порталот „Дроп Сајт Њуз“ претходно објави дека Виткоф бил тој што прв му пишал на Арагчи, но повикувајќи се на ирански претставници, медиумот тврди дека иранскиот министер ги игнорирал пораките на американскиот пратеник.
- Post By Сања Костовска
- 21:50, 16 March, 2026
Вашингтон, 16 март 2026 (МИА) - Каналот за директни контакти меѓу специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, повторно е активиран во последните денови, јави информативниот портал „Аксиос“.
Според изворите на „Аксиос“, сè уште не е јасно колку биле содржајни пораките што си ги размениле Арагчи и Виткоф. Ова е прва позната директна комуникација меѓу двете страни од почетокот на американско-израелската војна против Иран, која започна на 28 февруари.
„Аксиос“ цитира извор според кој Арагчи му испратил текстуални пораки на Виткоф. Сепак, американски официјален претставник тврди дека Вашингтон „не разговара“ со Техеран.
Од друга страна, порталот „Дроп Сајт Њуз“ претходно објави дека Виткоф бил тој што прв му пишал на Арагчи, но повикувајќи се на ирански претставници, медиумот тврди дека иранскиот министер ги игнорирал пораките на американскиот пратеник. ссм/
фото: архива